Напишано од Kjeaja
|
Четврток, 16 Август 2018 21:51 |
Промоција на публикацијата
ГАЛИЧКИТЕ КАМЕНИ ПОРТАЛИ
од авторот Косто Граоркоски
сабота 18.8.2018 во 12 часот во Галичник
црква „Св. Петар и Павле“
|
Повеќе...
|
Напишано од Kjeaja
|
Понеделник, 13 Јуни 2016 18:19 |
|
Повеќе...
|
Напишано од Kjeaja
|
Понеделник, 01 Февруари 2016 11:20 |
Зимата во Галичник трае подолго од календарската, но тоа не значи дека среде зима нема да се „погоди“ подолг период на стабилно, пријатно и сончево време како што беше случајот со втората половина од првиот месец во 2016 година. Многумина го искористија прекрасното време во последниот викенд од јануари за прошетка до Галичник и околината. За да ги поттикнеме новите зимски посетители што поскоро да ги доживеат снежните убавини на Галичник и околината, бидејќи зимата нема да трае бесконечно, ви прикажуваме неколку интересни фотографии направени од блискиот врв Рудина, „карши“ Галичник.
Галичник „заштитен“ од зимзелениот појас.
|
Повеќе...
|
Напишано од Kjeaja
|
Понеделник, 26 Октомври 2015 22:41 |
На 23 и 24 октомври во Галичник се одржа 21-вата Галичка книжевна колонија. Малку невообичаен термин ако се знае дека во секоја од претходните години македонските литературни дејци се собираа околу празникот Илинден да прочитаат нешто од своите трудови пред галичани. Овојпат, за време на еден друг празник, книжевниците се собраа не само „за атер“ на галичани и за да не се наруши континуитетот во одржувањето на книжевната колонија, туку за да оддадат почит кон еден од нејзините основачи и долгогодишен организатор. Само што овојпат тој не беше физички присутен.
Од атмосферата во црквата Св. Петка (фотографија на Киро Кипроски)
Од друга страна, во тие студени есенски денови, галичани, иако во не толку голем број како лете, со внимание ја проследија колонијата, но не само за да ги чујат делата на учесниците, туку пред се, да оддадат почит кон нивниот сограѓанин, поет и публицист, Тодор Чалоски. Само што овојпат тој не беше физички присутен.
Колонијата започна во црквата Св. Петка со читање на извадоци од неговите дела и пренесување на сеќавањата за него. Како што течеше атмосферата и се редеа стиховите и спомените, сите гости, без разлика дали се работеше за колегите или за „земјаците“, сфатија дека Чалоски сепак уште долго ќе биде присутен меѓу нив, но на малку поинаков начин.
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Kjeaja
|
Четврток, 31 Мај 2018 18:35 |
На ден 14.6.2018 година, членовите на советот на Месна заедница Галичник одржаа седница со единствена точка на дневен ред
1. Избор на зет и невеста за Галичка свадба 2018
Присутните едногласно ја донесоа следната:
ОДЛУКА
За зет и невеста за Галичка свадба 2018 се избрани Златко Димовски и Тања Лепческа
Образложение:
Од страна на Тања Лепческа и Златко Димовски, до Советот на МЗ Галичник беше доставено писмо во кое побараа да ја имаат таа посебна чест и радост да бидат дел од овогодишната Галичка свадба како зет и невеста. Тања Лепческа е по потекло галичанка и од мала е активна во секоја Галичка свадба како учесник. Во духот на вековната традиција им ја исполнуваме желбата својата љубов да ја крунисаат во Црквата Свети Петар и Павле со галичка свадба на ден 15 јули 2018 година.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЕЛАБОРАТИ
Почитувани Галичани и сопственици на имот во Галичник
Во прилог е листа на сопственици на имот за КО Галичник, кои треба да достават геодетски елаборати заклучно со 30 јуни 2018 година, за да се отпочне постапка на предметите за легализација на објекти.
Геодетски елаборати кои недостасуваат од 2011 година:
1. Ќипровски Митре 09-513/1 2. Владимир и Зоран Чанговски 09-1177/1 3. Љубица Томовска Лазарова 09-1190/1 4. Ажиевски Љубомир 09-1199/1 5. Жан Митрев 09-1244/1 6. Попоска Олга 09-1317/1 7. Чадиковска Илинка 09-844/1 8. Аврамовска Љубица 09-843/1 9. Спиревска Драгица 09-608/1 10. Кутревски Лазар 09-605/1 11. Спасовски Војо 09-588/1 12. Евн 09-1752/1 13. Евн 09-1753/1 14. Евн 09-1754/4 15. Ажиевски Гапе 09-1387/1 16. Дукоски Слободан Загорка Ацо 09-1404/1 17. Љубица Караџозоска 09-1468/1 18. Часлав Михајловски 09-1471/1 19. Калина Наумовска 09-1091/1 20. Чаловски Максим 09-2455/1 21. Лукановски Велимиров Светослав 09-2460/1 22. Колачевски Павле 09-2465/1 23. Доксим Тортевски 09-927/1 24. Методија Бундалевски 09-1822/1 25. Деспот Кецкаровски 09-1823/1 26. Лукановски Томо 09-1833/1 27. Лукановски Васе 09-1834/1 28. Милица Филиповска 09-1844/1 29. Рафаил Волчевски 09-1850/1 30. Максим Чаловски 09-2305/1 31. Болиновски Димитар 09-708/1 32. Блаже Кежаровски 09-1632/1 33. Јован Кежаровски 09-1631/1 34. Васка Костевска 09-1615/1 35. Горица Бошнаковска 09-2632 36. Васил Веноски 09-2631 37. Павловски Боривоје и Тодор 09-2626 38. Фрчковски Драган 09-2611 39. Бундалевски Борис 09-2604 40. Злата Чалоска 09-2587 41. Стефановски Вењан 09-2715 42. Камилоски Јосе 09-2740 43. Гугуловски Гоце 09-2754 44. Гугуловски Гоце 09-2755 45. Гугуловски Гоце 09-2756 46. Топузовски Пане 09-2760 47. Бисмилоски ристе 09-2767 48. Трифунов Трифун 09-2035 49. Штрејовски Харалампије 09-3632 50. Михајловски Веселин 09-1962/1 51. Равановски Васил 09-1957/1 52. Милосавлевски Мојсије 09-1937/1 53. Михајлоски Светозар 09-2836/1 54. Цинцаровски Бошко 09-2843/1 55. Бошњаковски Рафе 09-2859/1 56. Чалчески Милути 09-2860/1 57. Арсена Антова 09-2862/1 58. Павловска Антоанета 09-2916/1 59. Чаловски Динго 09-2934/1 60. Брковски Мелентије 09-3773/1 61. Брковски Мелентије 09-3774/1 62. Каркински Дело 09-3797/1 63. Канческа Вера 09-3901/1 64. Михајловски Светозар 09-4012/1 65. Јарукоска Павлина 09-3261/1 66. Јарукоски Русе 09-3262/1 67. Ажиески Војо 09-3181/1 68. Бетовска Славица 09-2191/1 69. Лукановски Љупчо 09-3067/1
Геодетски елаборати кои фалат од 2016 година:
1. Чалоски Јордан 10-661/16 2. Филиповскуи Јован 10-662/16 3. Чаловски Саво 10-703/16 4. Кецкаровски Деспот 10-553/16 5. Бојчевска Даница 10-768/16 6. Деспотовски Јован 10-829/16 7. Михајлоски Бранирод и Љубица 10-844/16 8. Јаневска Јулијан 10-229/16 9. Мандиевски Апостол 10-237/16 10. Никоска Санда 10-307/16 11. Водовод Општина Маврово и Ростуше 10-24/16 12. Миловски Горан 10-341/16 13. Кежароски Блаже 10-343/16 14. Кежароски Јован 10-344/16 15. Меловски Горан 10-379/16 16. Трифунова Јовановска Лидија 10-421/16
Листата на предмети е добиена од одделението за урбанизам при Општина Маврово и Ростуше.
Ве молиме за понатамошно споделување на оваа информација за да стаса до засегнатите лица.
Месна заедница Галичник
|
Повеќе...
|
Напишано од Kjeaja
|
Среда, 29 Март 2017 15:33 |
Почитувани Галичани,
На 28.3.2017 година во Скопје, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, се оддржа Собрание на Месната заедница Галичник на кое беше избран нов Совет на Месната заедница.
Со голем број гласови за членови на Советот беа избрани следниве предложени кандидати:
- Александар Костиќ - Александар Филиповски - Гордана Бекриќ - Васко Величковски - Павле Камилоски - Дејан Дуковски - Виолета Бошнакоска - Марко Бислимовски - Гаврило Кунчески - Марко Филиповски
Сакаме да изразиме голема благодарност за големата доверба и поддршка што ја добивме од присутните Галичани на седницата на Собранието и истовремено да дадеме ветување дека сите наши активности ќе бидат во функција на подобрување на условите за живот во Галичник и како и развој на Галичник во место кое ќе сакаат да го посетат и видат голем број граѓани на нашата земја и гости од странство.
|
Напишано од Kjeaja
|
Вторник, 08 Март 2016 13:48 |
* * * ВАЖНО * * *
Им се соопштува на сите галичани дека на 29.3.2016 (вторник) со почеток во 20 часот ќе се одржи собрание на МЗ „Галичник“ во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент (стара Народна техника), со следниот дневен ред:
1. Извештај за 2015 година;
2. Програма за 2016 година;
3. Разно.
* * *
Мијачка средба 2
Галичник.мк ве поканува на втората Мијачка средба, како можност галичаните да се видат со своите „соплеменици“ од останатите мијачки населби и од други места. Предвидени се богата програма и трпеза. Одговорно лице за контакт од Галичник е Аце Костиќ (телефон: 078 388 088).
|
Повеќе...
|
Напишано од Kjeaja
|
Четврток, 07 Јануари 2016 15:06 |
Зимата 2015-2016 за Галичник ќе биде посебна. Не поради (не)проодноста на патот од Маврово, не поради временските (не)прилики, не поради (не)организираните прослави на новогодишните празници, туку поради тоа што за прв пат по речиси половина век Галичник ќе мoже организирано да биде посетен од туристи кои ќе уживаат во зимските убавини што ги нуди неговата блиска околина. Марко Бекриќ, реализаторот на проектот „Галички зимски авантури“, реши да стави крај на долгиот период во кој Галичник зимно време воопшто не беше посетуван од организирани групи, што последен пат се случило во шеесетите години на минатиот век со последните училишни екскурзии и со последните активности на планинарското-смучарско друштво „Галичник“.
Во продолжение следува детално објаснување на Марко за неговиот проект, со неколку фотографии од пејзажите што може да се доживеат зимно време во Галичник.
|
Повеќе...
|
Напишано од Kjeaja
|
Понеделник, 06 Јули 2015 16:41 |
|
Повеќе...
|
|