Јавање Коњи и Кампување
Игра, Дружење, Натпревар! Вистинска авантура со Коњички клуб Бистра Галичник – Sherpa Horse riding!
Тимска активност: Адреналинска планинска тура на јавање коњи на Галичник за термин по избор.
Вкучено:
- Обука за јавање коњ
- Заштитна опрема за јавање
- Јавање
- Дегустација на сирења (сирење, ракија, домашна пита, ракија, домат, салати)
*Времетраењето на турата е 4 часа (турите започнуваат од 9:30ч. и 13:30ч)
Стимулира: адреналин, авантуристички дух, уживање во природа, откривање нови работи, истражување, дружење
Јавањето на грбот на еден коњ нуди посебно искуство и особено возбудлив начин на уживање во богатствата на Националниот парк – Маврово. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Придружете ни се во обиколката на преубавите предели, глетки полни со моќни планини, бистри потоци и пространи и зелени шуми. Сместувањето е во стари села, уживајќи ги вкусовите на традиционално подготвените јадења.