И на годинешните зет и невеста ќе им ја направиме свадбата незаборавна што оваа година ќе се одржи од 12 до 14 јули, притоа чувајќи ги од заборав нашите единствени свадбени обичаи! Ги каниме сите вљубени двојки кои сакаат да си дадат завет пред Бога за Петровден, најдоцна до 30.04.2024 да се пријават на електронската адреса mzgalichnik@gmail.com испраќајќи e-mail со назнака “За избор на зет и невеста”. Нека ни пишат некој збор зошто сакаат да бидат токму тие младоженците годинава и нека ни испратат фотографии.
Предност ќе имаат оние кандидати кои имаат:
Потекло од Галичник (двајцата или едниот),
Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога,
Учество во активностите на Месната заедница,
Ова да им е прв црковен брак.
Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и ќе ја објави најдоцна до 31.05.2024 на веб страницата на Галичник и на официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.
Со аирлија ги почнавме подготовките за Галичка свадба 2023!
И на годинешните зет и невеста ќе им го направиме денот незаборавен, притоа одржувајќи ги во живот и чувајќи ги од заборав нашите единствени обичаи! Ги каниме сите вљубени двојки кои решиле да стапнат на лудиот камен годинава, и кои сакаат да си дадат завет пред Бога за Петровден, најдоцна до 30.04.2023 да се пријават на mzgalichnik@gmail.com испраќајќи e-mail со назнака “За избор на зет и невеста”. Нека ни пишат некој збор зошто сакаат да бидат токму тие младоженците годинава и нека ни испратат фотографии.
Предност ќе имаат оние кандидати кои имаат:
Потекло од Галичник (двајцата или едниот),
Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога,
Учество во активностите на Месната заедница,
Ова да им е прв црковен брак.
Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и ќе ја објави најдоцна до 31.05.2023 на веб страницата на Галичник и на официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.
Шеесет години Галичка свадба! Традицијата продолжува!
Заради непречено и безбедно одржување на Галичка свадба, апелираме до сите учесници, посетители и галичани да се придржуваат до овие правила и да ни помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот.
Одлагање отпад:
Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат на паркингот позади хотел Неда. Камион на Јавното комунално препријатие Маврово ќе биде паркиран на патот кон Света Петка и ако некому му е неопходно за време на викендот да одложи отпад, ќе треба да го стори тоа директно во камион;
Сообраќаен режим:
Паркирање на паркингот на Пеш, околу Црквата Свети Петар и Павле, на Упија, на коловоз од Црквата Свети Петар и Павле до куќата од каде ќе се земе невестата НЕ Е ДОЗВОЛЕНО во ниту еден момент од 12ти до 14ти јули;
Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во ПЕТОК, 12ти јули ќе биде забранет од 21:00 часот до 01.00 часот по полноќ;
Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во САБОТА, 13ти јули ќе биде забранет од 18.00 до 22.00 часот;
Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во НЕДЕЛА, 14ти јули ќе биде забранет од 7.30 до 15.00 часот.
Во термините во кои е забранет сообраќај, паркирањето на автомобили кои ќе доаѓаат кон Галичник ќе биде покрај коловозот пред Селска ливада;
Месна заедница Галичник обезбедува слободен превоз на посетителите во сабота и во недела на релација Селска ливада – Галичник.
Сообраќајот може да биде затворен и надвор од овие термини ако за тоа се утврди дека има потреба;
Оној кој ќе има потреба од сопствениот автомобил во овие термини, автомобилот треба да го паркира надвор од Галичник, освен сопствениците на имот на Пеш, Гегоско и Бошнакоско маало;
Непрописно паркираните возила (паркирани спротивно на овие правила), ќе бидат отстранети со помош на специјално возило – пајак.
Однапред благодариме за разбирањето и соработката.
Се известуваат сите Галичани кои сакаат да учествуваат како статисти на Галичката свадба, дека е потребно облечени во галичка носија во сабота на 13.07.2024 година во период од 18:00 часот до 19.00 часот, да се пријават кај Евгенија Плачкоска внатре во црквата Св. Петар и Павле. На учесниците ќе им биде даден авторски договор за исплата на хонорари што ќе го потпишат во таа прилика. За поедноставување на постапката, ве охрабруваме вашите лични податоци (име, презиме и матичен број) и податоци за плаќање (број на трансакциска сметка и банка), да ги испратите однапред по мејл на mzgalichnik@gmail.com. Хонорарот изнесува 2.500 денари за возрасни и 2.000 денари за деца. Податоците за малолетните лица ги доставуваат родителите и треба да бидат дополнети со матичен број и трансакциска сметка на која ќе се изврши исплатата. Укажуваме дека статистите задолжително треба да носат ЧЕВЛИ (никако патики). Напоменуваме дека исплата ќе се направи само за целосно исполнета обврска, односно учество во манифестацијата во сабота и недела (13ти и 14ти) јули. Евиденција за учество ќе се води со пријавата во сабота, и со пријава за присуството во 8.30 часот во недела на истата локација (црквата), а присуство ќе се потврди со своерачен потпис на список за евиденција.
Драги галичани и љубители на Галичник,Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!
Драги галичани и љубители на Галичник,Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка!За многу години да им е љубовта и среќата!
Колонизација/Деколонизација на природата – Галичник, 12-20.8.2023
Ликовната колонија Галичник во контекст
Имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник е како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак. Постојаните мешања и меѓу националниот белег, македонската гордост: културата на нашата земја и меѓународниот дух и културата на другите, онаа различната; односот меѓу историјата, природата, фолклорот и традицијата со современата и урбана анемија на постмодерната уметност, ја формираат и дефинираат Ликовната колонија Галичник како специфика не само на национално, туку и пошироко, на регионално ниво. Квалитативниот императив е структурен елемент во систематската формална поставеност на оваа важна манифестација, а потврдата на местото и неговото значење не подразбира имитација и неиновативност. Напротив, стремејќи се кон нешто ново, различно, уникатно и рецентно, тоа е модерна карактеристика што ја следеше менаџерскиот тим на Ликовната колонија Галичник и затоа ја добивме идејата за промена на медиумот на работилницата. Дигиталната уметност или поопшто уметноста на новите медиуми е детерминанта, т.е. уметноста на новото време, новите технички и технолошки придобивки, интернет уметност, компјутерската уметност, дигиталната фотографија и графика, видео инсталациите, виртуелната реалност… сите тие ги надоградија класичните медиуми на штафелајно сликарство, скулптура, цртеж, графика. Со ваквиот пристап Галичката ликовна колонија стана единствена колонија од ваков вид на регионално ниво.
Несебичната посветеност и ентузијазам во име на продолжување на долгогодишната културна традиција на Галичник и Реканскиот крај и во име на квалитетната нововременска уметност воопшто и секако аспектот на размена на искуства и знаења и човечки ресурси се главните постулати на колонијата. Овогодинешна тема: Секоја година колонијата има тема, а оваа година фокусот е на Колонизација/Деколонизација на природата, како многу важно прашање во еколошката, политичката и проблемите со доминацијата на Капиталот(во ерата на Капиталоценот) кои се наметнаа како сериозен интерес во областа на современата уметност и нејзините транс-тактики. Зошто е ова важно за глобалниот процес на (еколошка) ментална трансформација кон посвесни општества и нејзината иднина? Користењето на природните извори без никаква стратегија и план ќе не доведе до неурамнотежена природа и цели еко-системи кои го „паметат нападот“ ќе почнат да ги враќаат ударите во различни форми и облици. Сведоци сме на многу пандемии и ендемии, земјотреси и цунами, пустошење на земјата, области, градови и труења кои доаѓаат од самата земја, како рак рани на почвата. Дали треба да продолжиме со нашата надмоќ над Земјата или да почнеме да ги користиме природните добра со контрола и стратегија?! Дали сме ние колонизатори на природата и дали треба да почнеме да ја деколонизираме од Своето Јас? Учесници на 34. издание на Ликовната колонија Галичник 2023:
Аница Вучетиќ – Србија
Јелена Владушиќ – Србија
Калин Серапионов – Бугарија
Пенка Минчева – Бугарија
Ефи Фурики – Грција
Фуруја Такахиса – Јапонија
Ларс ден Хертог – Холандија
Ил Џафери – Косово
Иван Блажев – Северна Македонија
Филип Велковски – Северна Македонија
Ајде да разговараме, размислуваме и дејствуваме по ова прашање во рамките на прекрасниот Галичник, Македонија во регионот и пошироко. Колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Благодарни сме за несебичната помош и донација на: Културниот центар на Р. Бугарија во Скопје, Месна заедница Галичник, Пивара – Скопје, Вардар Градба, Винарија Дисан.
-ART COLONY GALICHNIK 2023-Colonization/Decolonization of the Nature
Galichnik, 12-20.8.2023 Art Colony Galichnik in Context
The implementation of the advantages of the new era in the ancient ambient of the beautiful Galichnik is like adding a new tissue in an organism with defined stratigraphy. The habitus between the old and the new rises in synthesis, synergy, superstructure, contemporaneity with emphasized cultural pre-sign. The permanent interferences and between the national mark, the Macedonian pride: the culture of our land and the international spirit and the culture of the Others, the different one; the relation between the history, the nature, folklore and the tradition with the contemporary and urban anemia of the postmodern art, do form and define the Art colony Galichnik as a specificum not just on national degree, but even wider, on regional level. The qualitative imperative is a structural element in the systematic formal setting of this important manifestation, and the confirmation of the place and its meaning does not imply imitation and non-innovation. On the contrary, striving for something new, different, unique and recent, it is a modern feature that was followed by the management team of the Art Colony Galichnik and this is why we got the idea of changing the media of the workshop. Digital art or more generally the art of new media, was the determinant… the art of the new age, the new technical and technological benefits, internet art, computer art, digital photography and graphics, video installations, virtual reality… they all replaced classic easel paintings, sculptures, drawings, sound art. With this approach, the Galichnik Art Colony became the only colony of its kind on a regional level. The selfless devotion and enthusiasm in the name of continuing the long-standing cultural tradition of the village Galichnik and the Reka region and in the name of quality new-time art in general and of course the aspect of experience and knowledge exchange and human resources are the main postulates of the colony.
This year’s topic: Every year the colony has a topic, and this year the focus is on Colonization/Decolonization of the Nature, as a very important issue in the ecological, political and the problems with the domination of the Capital (in the era of Capitalocen) that are becoming a serious interest in the field of contemporary art and its trans-tactics. Why does this matter, for a global (environ)mental transformation process towards more aware societies and its future? Using the natural sources without any strategy and plan will lead us to dis-balanced nature and whole Eco-systems that remember the attack and return the strikes in different forms and shapes. We have witnessed a lot of pandemics and endemics, earthquakes and tsunamis, devastation of the ground, areas, cities and poisoning coming from the earth itself, as a cancer wounds of the soil. Should we keep on with our supremacy over the Earth or should we start using the natural goods with control and strategy?! Are we colonizers of the Nature and should we start decolonizing it from our self?
Participants on the 34. Session of the Art Colony Galichnik:
Anica Vucetic – Serbia
Jelena Vladusic – Serbia
Kalin Serapionov – Bulgaria
Penka Mincheva – Bulgaria
Efi Fouriki – Greece
Furuya Takahisa – Japan
Lars den Hertog – Netherlands
Yll Xhaferi – Kosovo
Ivan Blazev – North Macedonia
Filip Velkovski – North Macedonia
Let’s talk, think and act upon this issue in the frames of the beautiful village of Galichnik, Macedonia the region and widely. The colony is realized with the support of The Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia. We are grateful for the unselfish help of: The Cultural Center of R. Bulgaria in Skopje, Local Community of Galichnik, Pivara – Skopje, Vardar Gradba, Disan Vinary.
Галичник Филм Фестивал полека, но сигурно станува значајна платформа за филмаџиите и љубителите на филмот, привлекувајќи учесници и гледачи од земјата, регионот и пошироко.
На овогодинешниот, 4-ти по ред Галичник Филм Фестивал, ќе бидат прикажани 33 краткометражни филмови во 3 натпреварувачки категории, како и ревијалниот долгометражен филм „Нешто слатко“ со Сашко Коцев и Јелена Јованова во главните улоги, што ќе биде прикажан на затворањето на фестивалот.
Дејан Дуковски ќе ја предводи Балканската сценаристичка работилница, а на Андреј Волкашин ќе му припадне Мастер класот за разработување на ТВ серии.Овогодинешното жири на Галичник Филм Фестивал го сочинуваат Сашко Коцев, Георги Унковски и Елена Станишева.
Би сакале да Ве известиме дека Месна заедница Галичник повеќе пати сосем официјално се обраќа до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението.