МЗ Галичник, Програма за 2021-2025
Драги наши Галичани, во овој документ ќе ги изложиме идеите за развој на нашиот Галичник во период од наредниве четири години со цел на сите да ни овозможи да го користиме севкупниот потенцијал на нашата дома без да имаме проблеми од било кој вид кои би го попречувале нашиот престој.
Со овој документ ја бараме Вашата поддршка на изборите за Совет на Месна заедница Галичник. Веруваме дека имаме потенцијал и капацитет да почнеме со реализација на овие идеи и план, и дел од нив и да ги завршиме во рамките на нашиот мандат.
Несомнено дел од плановите се стратешки и потребни ќе бидат повеќе години за реализација, но не се сомневаме во новите генерации од Галичник, кои се надеваме во годините пред нас ќе ги затворат сите отворени прашања на нашата заедница.
За ова, но и за постигнатите резултати во изминативе 4 години можете да прочитате повеќе во документот „Извештај за работата на МЗ Галичник – 2017 – 2021“.
Најголем проблем за функционирањето на нашата заедница претставува одржливоста на Месната заедница односно нејзино целосно, да речеме, институционализирање и ставање во погон преку решавање на правниот статус и јасни и мерливи правила за функционирање, со цел да се искористат сите можности кои ги нуди државата. Со оваа програма нудиме решение и за тој горлив проблем.
Целосната „Програма 2021-2025“ можете да ја преземете тука.
Во продолжение имињата на предложениот Совет на Месна заедница Галичник:
- Александар Костиќ (Мандичевски)
- Александар Филиповски
- Ана Колевска (Черепналкоска)
- Ана Сариевска (Ажиеска)
- Васко Величковски (Гегоски)
- Викторија Жикоска
- Гордана Бекриќ (Луканоска)
- Дејан Дуковски
- Ѓорѓи Чичаров (Луканоски)
- Марко Бислимоски
- Марко Филиповски
- Миле Бошњаковски
- Павле Камилоски