ВАЖНО!
КУЌЕН РЕД – Галичка свадба 2025
Почитувани галичани, учесници и посетители,
Во интерес на безбедно, достоинствено и непречено одвивање на манифестацијата Галичка свадба 2025, Ве замолуваме сите совесно да се придржувате до следниве правила:
1. Одлагање на отпад:
• Сите контејнери за отпад ќе бидат дислоцирани на паркингот зад хотел „Неда“;
• Камион на Јавното комунално претпријатие „Маврово“ ќе биде стациониран на патот кон Св. Петка – секој што има потреба да одложи отпад во текот на викендот, нека го направи тоа директно во овој камион.
2. Сообраќаен режим:
• Паркирањето е забрането на следните локации од 11 до 13 јули:
Паркингот на Пеш
Околу Црквата Св. Петар и Павле
Упија
Коловозот од Црквата до куќата од каде што се зема невестата
• Поради изведба на проби и местење на сцената се замолуваат посетителите да не паркираат коли на Упија во:
Среда и Четврток од 16:00 часот до 23:00 часот
• Целосна забрана за сообраќај низ Галичник со моторни возила важи во следниве термини:
Петок, 11 јули: од 20:30 до 01:00 часот (сабота наутро)
Сабота, 12 јули: од 18:00 до 22:00 часот
Недела, 13 јули: од 07:30 до 15:00 часот
• За време на забраните, паркирањето на возила е дозволено само покрај коловозот пред Селска ливада;
• Месна заедница Галичник обезбедува бесплатен превоз на релација Селска ливада – Галичник во недела;
• Сообраќајот може да биде затворен и надвор од наведените термини, доколку за тоа има потреба;
• Секој што ќе има потреба да го користи сопствениот автомобил во овие термини, треба да го паркира надвор од Галичник, освен за сопственици на имот во маалата Пеш, Гегоско и Бошнакоско;
• Непрописно паркирани возила ќе бидат отстранети со пајак возило, без исклучоци.
⸻
Ви благодариме однапред за разбирањето, соработката и заедничката грижа за успешна Галичка свадба 2025.
Со почит,
Месна заедница Галичник
Организациски одбор на Галичка свадба 2025
