Skip to content Skip to left sidebar Skip to footer

Month: January 2023

Реакција на објавата на „СПОНА – Српски културно информативни центар“

Соопштение за јавност

Месна заедница Галичник во името на секој еден Галичанец и секој Македонец сака да изрази сериозен протест за дрската и навредливата објава на Организацијата на Србите во Македонија Спона, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.

Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник.

Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба и за истата имаме разбирање. Големец како него ниту имале ниту ќе имаат. Останува и само желба бидејќи секој кој знае да чита ќе прочита:

„Народ се вељид људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који живувајед и кои се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество од тои народ.

Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.

Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник 1875 година.“

Немаме никаква потреба ниту да додаваме ниту да одземаме зборови на тоа што Пулевски напишал пред 150 години.

Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативни центар“ не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ кој има високо изградена свест дека туѓото не се р’чка.

МЗГ очекува извинување од страна на СПОНА, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација.

Линк до објавата на СПОНА

Соопштение за проодност на регионалниот пат Маврово – Галичник

Снегот кој наврна изминатото деноноќие на патниот правец Маврово – Галичник денес е расчистен од службите на ЈП Македонија пат – Секција Маврово со специјално возило Унимог.

Задолжителна е употребата на зимска опрема (зимски гуми, по потреба и синџири).