Skip to content Skip to left sidebar Skip to footer

Uncategorized

Одлука за избор на невеста и зет за Галичка свадба 2024

Драги галичани и љубители на Галичник,Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!

Драги галичани и љубители на Галичник,Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка!За многу години да им е љубовта и среќата!

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ГАЛИЧНИК 2023

Колонизација/Деколонизација на природата – Галичник, 12-20.8.2023

Ликовната колонија Галичник во контекст

Имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник е како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак. Постојаните мешања и меѓу националниот белег, македонската гордост: културата на нашата земја и меѓународниот дух и културата на другите, онаа различната; односот меѓу историјата, природата, фолклорот и традицијата со современата и урбана анемија на постмодерната уметност, ја формираат и дефинираат Ликовната колонија Галичник како специфика не само на национално, туку и пошироко, на регионално ниво. Квалитативниот императив е структурен елемент во систематската формална поставеност на оваа важна манифестација, а потврдата на местото и неговото значење не подразбира имитација и неиновативност. Напротив, стремејќи се кон нешто ново, различно, уникатно и рецентно, тоа е модерна карактеристика што ја следеше менаџерскиот тим на Ликовната колонија Галичник и затоа ја добивме идејата за промена на медиумот на работилницата. Дигиталната уметност или поопшто уметноста на новите медиуми е детерминанта, т.е. уметноста на новото време, новите технички и технолошки придобивки, интернет уметност, компјутерската уметност, дигиталната фотографија и графика, видео инсталациите, виртуелната реалност… сите тие ги надоградија класичните медиуми на штафелајно сликарство, скулптура, цртеж, графика. Со ваквиот пристап Галичката ликовна колонија стана единствена колонија од ваков вид на регионално ниво.

Несебичната посветеност и ентузијазам во име на продолжување на долгогодишната културна традиција на Галичник и Реканскиот крај и во име на квалитетната нововременска уметност воопшто и секако аспектот на размена на искуства и знаења и човечки ресурси се главните постулати на колонијата.
Овогодинешна тема: Секоја година колонијата има тема, а оваа година фокусот е на Колонизација/Деколонизација на природата, како многу важно прашање во еколошката, политичката и проблемите со доминацијата на Капиталот(во ерата на Капиталоценот) кои се наметнаа како сериозен интерес во областа на современата уметност и нејзините транс-тактики. Зошто е ова важно за глобалниот процес на (еколошка) ментална трансформација кон посвесни општества и нејзината иднина? Користењето на природните извори без никаква стратегија и план ќе не доведе до неурамнотежена природа и цели еко-системи кои го „паметат нападот“ ќе почнат да ги враќаат ударите во различни форми и облици. Сведоци сме на многу пандемии и ендемии, земјотреси и цунами, пустошење на земјата, области, градови и труења кои доаѓаат од самата земја, како рак рани на почвата. Дали треба да продолжиме со нашата надмоќ над Земјата или да почнеме да ги користиме природните добра со контрола и стратегија?! Дали сме ние колонизатори на природата и дали треба да почнеме да ја деколонизираме од Своето Јас?
Учесници на 34. издание на Ликовната колонија Галичник 2023:

  • Аница Вучетиќ – Србија
  • Јелена Владушиќ – Србија
  • Калин Серапионов – Бугарија
  • Пенка Минчева – Бугарија
  • Ефи Фурики – Грција
  • Фуруја Такахиса – Јапонија
  • Ларс ден Хертог – Холандија
  • Ил Џафери – Косово
  • Иван Блажев – Северна Македонија
  • Филип Велковски – Северна Македонија

Ајде да разговараме, размислуваме и дејствуваме по ова прашање во рамките на прекрасниот Галичник, Македонија во регионот и пошироко.
Колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Благодарни сме за несебичната помош и донација на: Културниот центар на Р. Бугарија во Скопје, Месна заедница Галичник, Пивара – Скопје, Вардар Градба, Винарија Дисан.

-ART COLONY GALICHNIK 2023-Colonization/Decolonization of the Nature

Galichnik, 12-20.8.2023
Art Colony Galichnik in Context

The implementation of the advantages of the new era in the ancient ambient of the beautiful Galichnik is like adding a new tissue in an organism with defined stratigraphy. The habitus between the old and the new rises in synthesis, synergy, superstructure, contemporaneity with emphasized cultural pre-sign. The permanent interferences and between the national mark, the Macedonian pride: the culture of our land and the international spirit and the culture of the Others, the different one; the relation between the history, the nature, folklore and the tradition with the contemporary and urban anemia of the postmodern art, do form and define the Art colony Galichnik as a specificum not just on national degree, but even wider, on regional level. The qualitative imperative is a structural element in the systematic formal setting of this important manifestation, and the confirmation of the place and its meaning does not imply imitation and non-innovation. On the contrary, striving for something new, different, unique and recent, it is a modern feature that was followed by the management team of the Art Colony Galichnik and this is why we got the idea of changing the media of the workshop. Digital art or more generally the art of new media, was the determinant… the art of the new age, the new technical and technological benefits, internet art, computer art, digital photography and graphics, video installations, virtual reality… they all replaced classic easel paintings, sculptures, drawings, sound art. With this approach, the Galichnik Art Colony became the only colony of its kind on a regional level. The selfless devotion and enthusiasm in the name of continuing the long-standing cultural tradition of the village Galichnik and the Reka region and in the name of quality new-time art in general and of course the aspect of experience and knowledge exchange and human resources are the main postulates of the colony.


This year’s topic: Every year the colony has a topic, and this year the focus is on Colonization/Decolonization of the Nature, as a very important issue in the ecological, political and the problems with the domination of the Capital (in the era of Capitalocen) that are becoming a serious interest in the field of contemporary art and its trans-tactics. Why does this matter, for a global (environ)mental transformation process towards more aware societies and its future? Using the natural sources without any strategy and plan will lead us to dis-balanced nature and whole Eco-systems that remember the attack and return the strikes in different forms and shapes. We have witnessed a lot of pandemics and endemics, earthquakes and tsunamis, devastation of the ground, areas, cities and poisoning coming from the earth itself, as a cancer wounds of the soil. Should we keep on with our supremacy over the Earth or should we start using the natural goods with control and strategy?! Are we colonizers of the Nature and should we start decolonizing it from our self?


Participants on the 34. Session of the Art Colony Galichnik:

  • Anica Vucetic – Serbia
  • Jelena Vladusic – Serbia
  • Kalin Serapionov – Bulgaria
  • Penka Mincheva – Bulgaria
  • Efi Fouriki – Greece
  • Furuya Takahisa – Japan
  • Lars den Hertog – Netherlands
  • Yll Xhaferi – Kosovo
  • Ivan Blazev – North Macedonia
  • Filip Velkovski – North Macedonia

Let’s talk, think and act upon this issue in the frames of the beautiful village of Galichnik, Macedonia the region and widely.
The colony is realized with the support of The Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.
We are grateful for the unselfish help of: The Cultural Center of R. Bulgaria in Skopje, Local Community of Galichnik, Pivara – Skopje, Vardar Gradba, Disan Vinary.

Галичник Филм Фестивал 4 – Фестивалска програма

🎉 Објавуваме ДЕТАЛНАТА Фестивалска Програма! 🎉

Со големо задоволство ја најавуваме програмата за овогодинешното издание на Галичник Филм Фестивал! 🎬🎥

👀 Се гледаме во Галичник од 4 – 6 август

🌬️✨„Вдишете ја магијата на филмот“ ✨🌬️
#GFF4#galichnikfilmfestival

Галичник Филм Фестивал 4

🌬️✨„Вдишете ја магијата на филмот“ ✨🌬️

Галичник Филм Фестивал полека, но сигурно станува значајна платформа за филмаџиите и љубителите на филмот, привлекувајќи учесници и гледачи од земјата, регионот и пошироко.

На овогодинешниот, 4-ти по ред Галичник Филм Фестивал, ќе бидат прикажани 33 краткометражни филмови во 3 натпреварувачки категории, како и ревијалниот долгометражен филм „Нешто слатко“ со Сашко Коцев и Јелена Јованова во главните улоги, што ќе биде прикажан на затворањето на фестивалот.

Дејан Дуковски ќе ја предводи Балканската сценаристичка работилница, а на Андреј Волкашин ќе му припадне Мастер класот за разработување на ТВ серии.Овогодинешното жири на Галичник Филм Фестивал го сочинуваат Сашко Коцев, Георги Унковски и Елена Станишева.

Мечки во Галичник

Почитувани,

Би сакале да Ве известиме дека Месна заедница Галичник повеќе пати сосем официјално се обраќа до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението.

ВАЖНО! КУЌЕН РЕД – Галичка свадба 2023

Заради непречено и безбедно одржување на Галичка свадба, апелираме до сите учесници, посетители и галичани да се придржуваат до овие правила и да ни помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот.

1. Одлагање отпад:

– Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат на паркингот позади хотел Неда. Камион на Јавното комунално препријатие Маврово ќе биде паркиран на патот кон Света Петка и ако некому му е неопходно за време на викендот да одложи отпад, ќе треба да го стори тоа директно во камион;

2. Сообраќаен режим:

– Паркирање на паркингот на Пеш, околу Црквата Свети Петар и Павле, на Упија, на коловоз од Црквата Свети Петар и Павле до куќата на Лукановци од каде ќе се земе невестата НЕ Е ДОЗВОЛЕНО во ниту еден момент од 14ти до 16ти јули;

– Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во ПЕТОК, 14ти јули ќе биде забранет од 20:00 часот, па до 01.00 часот по полноќ;

– Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во САБОТА, 15ти јули ќе биде забранет од 18.00 до 22.00 часот;

– Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во НЕДЕЛА, 16ти јули ќе биде забранет од 7.30 до 15.00 часот.

– Во термините во кои е забранет сообраќај, паркирањето на автомобили кои ќе доаѓаат кон Галичник ќе биде покрај коловозот пред Селска ливада;

– Месна заедница Галичник обезбедува слободен превоз на посетителите во сабота и во недела на релација Селска ливада – Галичник.

– Сообраќајот може да биде затворен и надвор од овие термини ако за тоа се утврди дека има потреба;

– Оној кој ќе има потреба од сопствениот автомобил во овие термини, автомобилот треба да го паркира надвор од Галичник, освен сопствениците на имот на Пеш, Гегоско и Бошнакоско маало;

– Непрописно паркираните возила (паркирани спротивно на овие правила), ќе бидат отстранети со помош на специјално возило – пајак.

Однапред благодариме за разбирањето и соработката.

Соопштение за проодност на регионалниот пат Маврово – Галичник

Снегот кој наврна изминатото деноноќие на патниот правец Маврово – Галичник денес е расчистен од службите на ЈП Македонија пат – Секција Маврово со специјално возило Унимог.

Задолжителна е употребата на зимска опрема (зимски гуми, по потреба и синџири).

Статисти

Се известуваат сите Галичани кои сакат да учествуваат како статисти во Галичката свадба, дека е потребно облечени во галичка носија во сабота на 17.07.2021 година во период од 17.30 часот до 19:30 часот, да се пријават кај Јана Дуковска внатре во црквата Св. Петар и Павле. На учесниците ќе им биде даден авторски договор за исплата на хонорари кој ќе го потпишат во таа прилика. За поедноставување на постапката, ве охрабруваме вашите лични податоци (име, презиме и матичен број) и податоци за плаќање (број на трансакциска сметка и банка), да ги испратите однапред по мејл на janaduko@gmail.com. Хонорарот изнесува 2000 денари за возрасни и 1500 денари за деца. Укажуваме дека статистите задолжително треба да носат ЧЕВЛИ (никако патики). Напоменуваме дека исплата ќе се направи само за целосно исполнета обврска, односно учество во манифестацијата во сабота и недела (17ти и 18ти) јули. Евиденција за учество ќе се води со пријавата во сабота, и со пријава на присуството во недела на истата локација (црквата), а присуство ќе се потврди со своерачен потпис на список за евиденција.

Правила за Изборите 2021 за Совет на МЗГ

Почитувани сограѓани, Сакам да ви ги појаснам правилата на гласање што ќе се одржи во недела и понеделник, 28 и 29.03.2021 година. Со претставници од двете кандидатски листи е договорено:

1. Гласачкото ливче покрај меморандум на МЗГ да има печат и потпис на ДКС

2. По електронска пошта може да гласаат: – Гласачи кои се жители на Скопје, а на денот на гласање се во Галичник. – Гласачи кои се жители на други населени места, освен град Скопје и општините кои се во склоп на град Скопје. – Гласачи кои се во изолација поради Ковид-19 со прилог на решение за изолација. – Гласачи кои се на боледување или се со здравствени проблеми, а се жители на Скопје со прилог на документ за спреченост. – Гласачи кои се во ризична група – постари од 70 години. – За сите кои ќе гласаат, а не се во ниедна од претходните групи наведени погоре, нивниот глас нема да се брои.

3. Гласањето ќе го спроведе комисија составена од претставници делегирани од двете кандидатски листи, секој гласач треба да биде евидентиран во Списокот на гласачи кој ќе се води на избирачкото место, списоците на гласачи од гласањето по електронска пошта и од гласањето на лице место, како и резултатите од гласањето ќе бидат јавно објавени. Секој потенцијален гласач по електронска пошта сам одлучува дали ќе го користи правото на гласање, заради заштита на личните податоци, комисијата за спроведување на изборите материјалите од електронското гласање ќе ги уништи по конечно објавување на резултатите од гласањето.

4. Секој гласач покрај веќе споменатите докази, треба да има и доказ – доколку е потребно – дека е со право на глас, стекнато по наследство, брак или раѓање.

5. Во комисијата за избор ќе има и претставници на Општина Маврово и Ростуше. Сите кои ќе го искористат правото на гласање со физичко присуство треба да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19.

Претседател на изборна комисија Достана Караѓозоска Станковска с.р.

Извештај за работењето на Советот на МЗ Галичник 2017-2021

Во периодот од март 2017 до март 2021 година, Советот на месната заедница Галичник посветено работеше и преземаше активности за надминување и решавање на наталожените проблеми од минатите години, а особено за остварување на следниве цели:

  • Зголемување на бројот на постојани жители во Галичник и зголемување на  престојот на сопствениците на имот, како и поттикнување на реконструкција на постојните имоти,
  • Подобрување на квалитетот на животот и престојот во Галичник,
  • Зголемување на бројот на стопански субјекти од областа на алтернативниот туризам и угостителските и сместувачки капацитети, 
  • Подобрување на инфраструктурата (патна, електрична, водоводна, и да се реконструираат објекти кои се во функција на Галичник),
  • Зголемување на бројот на странски и домашни туристи,
  • Подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина,
  • Промовирање на Галичката свадба и останатите содржини што ги нуди Галичник низ целиот свет.

МЗ Галичник учествуваше во програма Унапредување на општинското владеење организирана од страна УНДП и Министерство за локлна самоуправа како и канцеларијата на Европска комисија, каде зеде активно учество во дискусија и во однос на предлози за подобрување на законските решенија од областа на локалната самоуправа. МЗ Галичник на овие настани беше секогаш посочен како одличен пример за функционална организација. Идејата на тркалезните маси беше токму изнаоѓање на модалитет и форма за утврдување на идеалниот правен статус на МЗ кој би бил од интерес за целата заедница.

Детален извештај може да се види на следниот линк