ИЗБОРИ ЗА СОВЕТ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ГАЛИЧНИК 2025
Се известуваат сите галичани и сопственици на имот во Галичник дека Советот на Месната заедница Галичник донесе одлука за спроведување на избори за нов совет на Месната заедница.
Изборот на новиот совет на Месната заедница ќе се одржи на 09 февруари 2025 година.
За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани галичани, лично или електронски на мејл адресата mzgalichnik@gmail.com, најдоцна до 15 јануари 2025 да достават предлог листи за членови на Совет на Месна заедница Галичник и предлог на лица кои ќе бидат присутни при спроведување на процесот на гласање. Листите треба да бројат од седум до тринаесет лица.
Гласањето ќе биде тајно со заокружување на редниот број што ќе го носат предложените листи за Совет на МЗ Галичник. Редните броеви на листите ќе бидат утврдени по пат на жрепка. Идентитетот на гласачите ќе се утврдува со лична карта.
Процесот на гласање ќе го спроведе комисија која ќе биде составена од претставници на предложените листи, галичани кои веќе учествувале во спроведување на локални, парламентарни или претседателски избори и претставници на Општина Маврово и Ростуше.
Од овој момент па сè до 07 февруари 2025 година, алатките за комуникација на МЗГ како што се веб страната и ФБ страната ќе бидат достапни за објавување на содржини во функција на изборот на сите предложени листи за Совет на Месна заедница Галичник.
Александар Костиќ, претседател на Советот на Месна заедница Галичник