Skip to content Skip to left sidebar Skip to footer

ИЗБОР НА ЗЕТ И НЕВЕСТА – ГАЛИЧКА СВАДБА 2026

Почитувани,

По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука,
Советот на Месната заедница Галичник со голема чест и задоволство ве информира дека за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани
Александар Пендароски и Мартина Михајлова.

Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка.

Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – како место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност.

Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар.
За нив, ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените.

Веруваме дека Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник.

Им честитаме и им посакуваме многу среќа, љубов и достоинствено претставување на оваа вековна традиција.

Да се ќердосает !
Се гледаме во Галичник

Со почит,

Огнен Караѓозовски

Претседател на МЗ Галичник