МЕСНА ЗАЕДНИЦА ГАЛИЧНИК, ИЗБОРИ ЗА СОВЕТ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ГАЛИЧНИК
Скопје, четврток, 16 јануари 2025
Сакаме да ве информираме дека до полноќ вчера на 15 јануари, односно до истекот на крајниот рок на јавно објавениот повик за кандидатури на избор на нов Совет на Месна заедница Галичник, пристигна само една предлог листа за Совет на МЗГ од претставници на Галичник.
Бидејќи процесот се одвива во координација со Општина Маврово и Ростуше, утрово испративме допис да ги информираме по што очекуваме соодветен одговор за начинот на продолжување на целата постапка.
Предложениот тим кој ја очекува поддршката од Галичаните ќе треба да продолжи да го развива Галичник како економски одржливо населено место во рамките на Општина Маврово и Ростуше, да се грижи за чување на вековните традиции и да помогне во подобрување на сите инфраструктурни проблеми со кои се соочува Галичник.
Тимот кој поднесе листа за нов Совет на Месна заедница Галичник е: Огнен Караѓозовски, Ана Сариевска, Филип Филиповски, Тања Лепческа, Дејан Декла Петровски (Гегоски), Ана Колевска (Черепналкоска), Стефан Ангелов (Раваноски), Димитар Каркински, Диме Меловски, Кристијан Бундовски, Сашo Тодоров (Топузовски), Огнен Миновски (Караѓозовски) и Велимир Граоркоски.
Во меѓувреме исто така течат подготовките за Галичка свадба 2025 година во координација со сите вклучени државни институции, како и со носечките комерцијални покровители на манифестација. Воедно „Годишниот извештај за работењето на Месната заедница“ се подготвува и ќе биде објавен наскоро.
Во прилог на ова соопштение за јавност ви ја пренесуваме и предложената програма на тимот кој ја достави со цел транспаретно да бидете информирани во интерес на развојот и одржливоста на нашиот Галичник:
From: ognen.karagjozovski@yahoo.com <ognen.karagjozovski@yahoo.com>
Date: Wed, Jan 15, 2025, 8:01 PM
Subject: Izbori za sovet na Mesna zaednica Galicnik 2025
To: МЗ Галичник <mzgalichnik@gmail.com>
Почитувани,
Во прилог на оваа електронска пошта на следниот линк е предлог листата и програмата за избор на Совет на Месна заедница Галичник:
Програма МЗ Галичник 2025-2029
и лицата кои ќе бидат присутни на денот на гласањето:
Огнен Караѓозовски, Филип Филиповски, Дејан Петровски, Сашо Тодоров, Ана Сариевска, Огнен Миновски и Тања Лепческа.